Тренерот на Арсенал, Микел Артета е разочаран од изданието на неговиот тим на вчерашниот натпревар со Фулам.

„Топчиите“ загубија со 2:1, иако имаа водство по половина час игра.

Арсенал се наоѓа во серијата од три меча без победа во Премиер лигата.

- После ова дефинитивно ќе ни треба рестартирање. Ова што се случи денес не смее да се повтори. Ако настапуваме вака, никогаш нема да добиеме шанса да бидеме таму каде што сакаме. Можеше да биде најдобриот ден, но поради поразот стана најлошиот. Мораме да се погледнеме во огледало бидејќи денес беше нашиот најлош натпревар сезонава, тоа е сигурно, изјави Артета.

За тоа дали Арсенал треба да се засили Артета вели:

„Треба да се подобриме. Сакаме да победуваме, а играчите и јас треба да се подобриме за да го направиме тоа - за по 20 лигашки натпревари да имаме шанса да бидеме најдобри во лигата со овие играчи. Тие се навистина добри и имаме намера да продолжиме со нив“.

По 20 одиграни натпревари Арсенал собра 40 бодови и се наоѓа на 4. место во премиерлигашкиот поредок.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2024 02:53