Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е задоволен од играта на младите играчи на Милан на осминафиналниот натпревар од Купот на Италија со Каљари (4:1).
- Не би рекол дека играта и резултатот ги надминаа очекувањата. Кога се подготвувате со добар состав, секогаш се надевате на најдоброто. Да, некои од момците беа малку нервозни на почетокот на натпреварот, но штом го отворивме резултатот стана многу полесно. Овие фудбалери имаат знаење, талент, но најважно од се, висока посветеност, која секогаш мора да ја покажуваат. Нивниот однос покажува дека академијата на Милан работи многу добро. Младите играчи докажуваат дека се способни да дадат свој придонес, дека треба да бидат сфатени не само како замени во непредвидени случаи, туку и како полноправни фудбалери. Ова е успех за клубот, рече Пиоли.
Во четвртфиналето од Копа Италија, тимот на Милан ќе се соочи со поуспешниот од дуелот Аталанта – Сасуоло