Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе одговори на прашање за неговата иднина по синоќешната победа над Тулуз (2:0) во Суперкупот на Франција.

- Мојата иднина? Сè уште немам донесено одлука. Во 2022 година, мојата конечна одлука не ја знаев до мај. Овој пат, да знаев што сакам да направам, немаше да дозволам одлуката да се одолговлекува. Нема да има смисла, изјави Мбапе за „AS“.

На 1 јануари беше објавено дека Реал Мадрид упатил официјална понуда до францускиот фудбалер и поставил краен рок за донесување одлука - средината на јануари.

Договорот на Мбапе со ПСЖ е до летото 2024 година. Сезонава тој одигра 23 натпревари за парижаните во сите натпреварувања, постигна 22 гола и две асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ го цени играчот на 180 милиони евра



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2024 17:23