Фудбалерот Никола Калиниќ шест месеци подоцна се врати во Хајдук од Сплит. Триесет и петгодишниот Хрват потпиша договор до крајот на сезоната 2023/24. Платата на играчот ќе биде едно евро месечно.

- Ова беше најлесниот трансфер во последните три години во Хајдук, изјави спортскиот директор на клубот Миндаугас Николициус.

Калиниќ е без клуб од летото 2023 година, кога му истече договорот со Хајдук. Минатата сезона на 18 натпревари постигна четири гола и две асистенции.

Хајдук е лиде рво хрватското првенство со 41 бод, шест повеќе од второпласираната Риека.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2024 17:51