Африканската фудбалска федерација (ЦАФ) за 40 отсто го зголеми наградниот фонд за претстојниот африкански Куп на нации.

ЦАФ објави дека победникот на АФКОН2024 ќе добие седум милиони долари, што е за два милиони долари повеќе отколку што бранителот на титулата Сенегал освои во 2021 година.

Африканската федерација ги зголеми и останатите награди. Второпласираната репрезентација ќе заработи четири милиони долари, полуфиналистите ќе инкасираат по 2.5 милиони долари, додека четирите четвртфиналисти ќе добијат по 1.3 милиони долари.

Африканскиот Куп на нации ќе се одржи во Брегот на Слонова коска од 13 јануари до 11 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2024 20:25