Португалскиот фудбалски гигант Бенфика издвои 18 милиони евра за да го донесе во своите редови 20-годишниот Бразилец Маркос Леонардо.

Младиот бразилски напаѓач кој доаѓа од Сантос потпиша со португалскиот клуб договор со важност до јуни 2029 година, соопшти Бенфика.

Леонардо е првото зимско засилување во редовите на Бенфика, која по 15 кола е второпласирана во португалското првенство со 36 бодови, еден помалку од лидерот Спортинг.

Леонардо зад себе има 100 настапи во бразилската Серија А во која изминатата сезона го загуби прволигашкиот статус со Сантос.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2024 20:51