Канадскиот фудбалски репрезентативец Тејџон Бјукенен ги напушти редовите на белгиски Бриж и потпиша четири и полгодишен договор со Интер, објави денеска актуелниот лидер во италијанското првенство.
Интер не ги објави финансиските детали од договорот, а италијанските медиуми наведуваат дека трансферот на 24-годишниот дефанзивец, заедно со бонусите, е вреден десет милиони евра.
Бјукенен е првиот канадски фудбалер кој ќе игра во Серија А.
Интер е првопласиран на табелата во италијанското првенство со 45 бодови, два повеќе од Јувентус на второто место