Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Ватцке нема да го продолжи договорот со клубот и ќе го напушти тимот во 2025 година, пренесува „Sky Sport“.
- Нема да потпишам нов договор. Ќе се повлечам од директорската функција следната есен, изјави Ватцке.
Шеесет и четиригодишниот функционер работи како извршен директор на Борусија од 2005 година заедно со претседателот на одборот Рајнхард Раубал и финансискиот директор Томас Трес.
Во ерата на Ватцке, Борусија двапати ја освои Бундеслигата, три пати го освои Купот на Германија и стигна до финалето на Лигата на шампионите.