Поранешниот тренер на Јувентус, Челзи и селектор на италијанската фудбалска репрезентација Антонио Конте одговори на прашањето дали би можел да го води Наполи оваа сезона.

- Можеби. Но, сакам се да биде направено правилно, изјави Конте за „CalcioNapoli24“.

Последната работа на Конте беше во Тотенхем. Тренерот го напушти лондонскиот клуб во март 2023 година. Пред ова, специјалистот ги предводеше Арецо, Бари, Аталанта, Сиена, Јувентус, италијанската репрезентација, Интер и Челзи.

По 19 кола Наполи има освоено 28 бода и се наоѓа на 9. место во Серија А.

Тимот од Неапол е актуелен шампион во Серија А.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2024 23:46