Тетовскиот прволигаш Шкендија ќе биде без услугите на Дашмир Елези во продолжението на македонското првенство, откако 19-годишниот фудбалер одлучи кариерата да ја продолжи во странство и денеска потпиша договор со хрватскиот прволигаш Локомотива од Загреб.

Шкендија не ги објави финансиските детали од договорот, а тетовскиот клуб ќе добие десет проценти од идниот евентуален трансфер на Елези.

Елези во ноември 2020 година дебитираше за сениорскиот тим на Шкендија и со 16 години и еден ден стана најмлад стрелец во историјата на клубит и на Првата македонска фудбалска лига.

Лани, Елези се пресели во грузискиот прволигаш Торпедо, но на свое барање го раскина договорот и младиот напаѓач се врати во редовите на Шкендија



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2024 04:47