Рекордерот според бројот настапи во дресот на јапонската репрезентација Јасухито Ендо објави денеска дека става крај на својата фудбалска кариера, на 43-годишна возраст.
„Имав многу долг пат и исполнет живот на фудбалер. Никогаш не мислев дека ќе играм толку долго“, рече Ендо во видеообраќање на социјалните мрежи.
Во текот на својата 26-годишна кариера, Ендо две децении го носеше дресот на јапонскиот клуб Гамба Осака во кој ќе остане како тренер.
Ендо одигра рекордни 152 натпревари во дресот на Јапонија со која настапи на три светски првенства, во 2006, 2010 и 2014 година.