Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем е на чекор да го ангажира романскиот одбранбен фудбалер Раду Драгушин за чиј услуги е подготвен да плати 25 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Според Би-Би-Си, како дел од договорот за трансфер на Драгушин до 2029 година, лондонски Тотенхем е подготвен да го позајми на Џенова дефанзивецот Џед Спенс до крајот на сезоната.

Драгушин од почетокот на сезонава е стартер на сите натпревари на Џенова во Серија А.

За услугите на 21-годишниот романски репрезентативец заинтересиран беше и минхенски Баерн.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2024 04:55