Претседателот на ПСЖ, Ал-Хелаифи, искажа комплименти за играчот од средниот ред Марко Верати кој кариерата ќе ја продолжи во катарскиот Ал-Араби. Цената на трансферот се проценува на 45 милиони евра.

- За мене тој беше еден од најдобрите играчи на ПСЖ. Можеби неговиот потпис беше една од најквалитетните инвестиции што ги направи нашиот клуб - го купивме за само 11 милиони евра, ако се сеќавам добро. Марко за нас играше 11 години, а во секоја сезона беше еден од најдобрите. Верати ќе остане легенда на ПСЖ, изјави Ал-Келаифи за „Le Parisien“.

Верати играше за Пари Сен-Жермен од јули 2012 година, станувајќи деветкратен француски шампион и шесткратен победник на националниот куп.

Како дел од италијанската репрезентација стана европски првак во 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2024 21:47