Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го комплетираше договорот за ангажирање на младиот француски репрезентативец Лусиен Агуме како позајмен фудбалер од Интер.
Двата клуба постигнаа договор Агуме да остане во редовите на Севиља до крајот на оваа сезона.
Дваесетиедногодишниот играч за врска дојде во Интер во 2019 година, а Севиља ќе му биде четвртиот клуб во кој заминува како позајмен фудбалер, по Специја, Брест и Троја.
Агуме е прво засилување во јануарскиот преоден рок во редовите на Севиља.
На половина од сезоната во шпанското првенство Севиља е на 16 место на табелата и на тимот од Андалузија му претстои голема борба за опстанок.