Катар од 12 јануари до 10 февруари ќе биде домаќин на Азиското фудбалско првенство, а на ова 18 издание на континенталниот турнир ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи.

Домаќин на Азиското првенство требаше да биде Кина, која се откажа поради пандемијата на коронавирус.

Финалето ќе се игра на стадионот Лусаил, со капацитет од 88.966 седишта, на кој се одигра и мундијалското финале во декември 2022 година во кое Аргентина ја совлада Франција.

Титулата азиски првак ја брани домаќинот Катар, кој на последното издание во 2019 година беше поуспешен во финалето од Јапонија.

Катар трет пат во историјата ќе биде домаќин на најдобрите азиски фудбалски репрезентации, по 1988 и 2011 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2024 04:34