Бундеслигашот Баерн Минхен објави денеска дека комеморацијата за најголемиот германски фудбалер во историјата Франц Бекенбауер, кој почина во неделата на 79-годишна возраст, ќе се одржи на 19 јануари на стадионот „Алијанц Арена“.

„ФК Баерн ќе одржи голема комеморација за Франц Бекенбауер на Алијанц Арена на 19 јануари. Ги повикуваме сите пријатели и партнери како од националните и меѓународните спортови, така и од културата и политиката, како и навивачите и целото фудбалско семејство, со цел заедно да се збогуваме од незаборавниот „Кајзер“ на посебно и емотивно место“, соопшти Баерн.

Франц Бекенбауер со германската репрезентација ја освои европската титула во 1972, како и светската во 1972, а настапи во европското финале во 1976 и во мундијалското финале во 1968.

Во дресот на германската репрезентација одигра вкупно 103 натпревари, а од 1984 до 1990 година беше германски селектор, освојувајќи ја титулата светски првак во 1990 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2024 04:36