Џејдон Санчо премина во Борусија Дортмунд на позајмица од Манчестер јунајтед.
Англискиот клуб денес објави дека 23-годишниот крилен напаѓач е позајмен во германскиот клуб до крајот на сезоната.
Претходно во германските медиуми се појави информација дека Борусија ќе плаќа третина од платата на Англичанецот за шест месеци - три милиони евра, а Манчестер јунајтед ќе одвои шест милиони.
Летото 2021 година, Санчо се пресели во Манчестер јунајтед од Борусија Дортмунд за 85 милиони евра. За премеирлигашот фудбалерот нема играно од август поради конфликт со тренерот Ерик тен Хаг.