Напаѓачот на Ал Итихад, Карим Бензема може да се врати во Европа, пренесува „Sports Zone“.
Пари Сен-Жермен е заинтересиран за фудбалерот. Клубот може да го придобие Французинот во зимскиот преоден рок. Парижаните ја разгледуваат опцијата за изнајмување до крајот на актуелната сезона.
Договорот на Бензема со Ал-Итихад е со важност до 2026 година.
Трансфер вредноста на Бензема се проценува на 15 милиони евра.
Во тековната сезона, Французинот одигра 20 натпревари, постигна 12 гола и беше творец на пет асистенции.