Поранешниот селекторот на англиската фудбалска репрезентација Свен – Горан Ериксон (75) обелодени денеска дека му е дијагностициран рак и оти во најдобар случај му преостанува уште една година живот.

„Сите можат да видат дека имам болест која не е добра и сите претпоставуваат дека тоа е рак, и тоа а точно. Но, морам да се борам со болеста што е можно подолго“, изјави Ериксон во гостување на шведското радио П1.

Ериксон, кој ја предводеше Англија на светските првенства 2002 и 2006, се повлече од тренерската должност во февруари лани поради „здравствени проблеми“.

„Знам дека во најдобар случај ми преостанува околу една година живот, во најлош случај и помалку од тоа. Или во најдобар случај претпоставувам и подолго. Мислам дека лекарите кои ги имам не можат да бидат целосно сигурни. Подобро е да не размислувам за тоа. Морате да го измамите својот мозок“, рече Ериксон.

Шведскиот стратег во текот на својата речиси четири децениска тренерска кариера предводеше десетина клубови, меѓу кои Бенфика, Рома, Лацио и Манчестер сити, а беше селектор и на Мексико и Филипини



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2024 04:01