Централниот дефанзивец на Тотенхем и на англиската репрезентација Ерик Даер ги напушти редовите на лондонскиот премиерлигаш и ќе потпише договор со Баерн Минхен, потврди попладнево тренерот на актуелниот германски првак Томас Тухел.
„Тој е во Минхен“, им соопшти Тухел на германските новинари.
Даер во редовите на Баерн треба да биде замена на средината на теренот за Леон Горецка.
Германските медиуми пренесуваат дека Даер по пристигнувањето во Минхен на задолжителни медицински прегледи изјавил оти „Баерн е прекрасен клуб“.
Медиумите проценуваат дека договорот на 29-годишниот Даер, кој за англиската репрезентација има 49 настапи и кому ова лето му истекува договорот со Тотенхем, е во вредност од четири милиони евра.