Светската фудбалска федерација (ФИФА) му изрече денеска суспензија од три меѓународни натпревари на германскиот репрезентативец Лерој Сане.

Сане е санкциониран поради инцидентот на пријателскиот натпревар против Австрија кога го турна на земја противничкиот играч Филип Мвене.

ФИФА во денешното соопштение наведе дека Сане е суспендиран три натпревари, што значи дека фудбалерот на Баерн Минхен ќе ги пропушти пријателските натпревари на репрезентацијата пред стартот на Европското првенство чиј домаќин ова лето ќе биде Германија.

Фудбалската федерација на Германија соопшти дека одлуката на ФИФА не е конечна и најави евентуална жалба



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2024 04:04