Италијанскиот 36-годишен репрезентативен дефанзивец Леонардо Бонучи потпиша договор до крајот на сезоната со Фенербахче, објави синоќа турскиот фудбалски гигант.

„Искусниот дефанзивец ќе го носи дресот на Фенербахче до крајот на сезоната“, соопшти актуелниот лидер на табелата во турската Суперлига.

Бонучи доаѓа во Фенербахче од Унион Берлин, чиј дрес го носеше во првиот дел од сезоната.

Претходно во кариерата настапуваше за Јувентус, Милан, Бари и Џенова.

„Ова е веројатно мојата последна сезона“, објави преку социјалните мрежи Бонучи, кој во дресот на италијанската репрезентација одигра 121 натпревари, а со Азурите ја освои европската титула во 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2024 00:28