Досегашниот фудбалер на Рома, Раду Драгушин, потпиша договор со Тотенхем до 2030 година, јавија синоќа англиските медиуми, посочувајќи оти трансферот на 21-годишниот романски репрезентативец изнесува 25 милиони евра, плус дополнителни шест милиони евра во бонуси.
За Драгушин беа заинтересирани и Баерн Минхен и Наполи.
Романскиот дефанзивец оваа сезона беше стартер на сите натпревари на Џенова во италијанското првенство.
Драгушин е второ засилување на Тотенхем во јануарскиот преоден рок по Тимо Вернер кој дојде во редовите на лондонскиот премиерлигаш од градскиот ривал Челзи како позајмен фудбалер до крајот на сезоната