Бразилскиот фудбалер од средниот ред на Њукасл, Жоелинтон, ќе отсуствува шест недели од теренот поради повреда на бутниот мускул, пренесува денеска Би-Би-Си.

Жоелинтон се повреди на дуелот од ФА купот против Сандерленд во кој Њукасл победи со 3-0.

Бразилскиот репрезентативец сезонава одигра 23 натпревари на кои запиша четири голови и три асистенции.

„Тој е движечка сила во нашиот среден ред. Тоа е голем удар за нас“, изјави тренерот на Њукасл, Еди Хоу.

Њукасл е во серија од три порази во Премиер лигата и по 20 кола е на деветтото место со 29 бодови, 16 помалку од лидерот Ливерпул.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2024 00:40