Стратегот на Астон Вила, Унаи Емери, ја освои наградата за најдобар тренер во декември во англиското фудбалско првенство, објави денеска Премиер лигата.

Астон Вила минатиот месец загуби само еден од седумте натпревари во Премиер лигата, а забележа последователни победи против Манчестер сити и Арсенал.

За Емери ова е второто признание тренер на месецот, откако наградата прв пат ја освои во април лани.

Астон Вила е второпласирана во Премиер лигата со 42 бодови, три помалку од водечкиот Ливерпул.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2024 00:54