Холандскиот фудбалер во редовите на Челзи, Ијан Матсен, ќе настапува до крајот на сезоната за Борусија Дортмунд како позајмен играч, објави денеска германскиот клуб.
Матсен е роден во Ротердам и настапуваше за младинските тимови на Спарта и ПСВ, пред да му се приклучи на Челзи во 2018 година. За сениорскиот тим на лондонскиот премиерлигаш дебитираше во јули лани.
Германските медиуми објавија дека Челзи и Борусија Дортмунд договориле Матсен да биде позајмен без опција германскиот клуб да може да го откупи неговиот договор.
Матсен досега има 12 настапи во Премиер лигата.