Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен постави уште еден рекорд во Бундеслигата. Баварците синоќа на домашен терен го совладаа Хофенхајм со 3:0 во меч од 17. коло.

Во 18. минута од натпреварот напаѓачот на домаќините Џамал ​​Мусиала го отвори резултатот на натпреварот. За клубот од Минхен ова беше 65-ти последователен натпревар на домашен терен со постигнат гол, што е нов рекорд во најсилната лига на германскиот шампионат.

Баерн во моментов има 41 бод и се наоѓа на второто место во бундеслигашкиот поредок.

Лидер на табелата е Баер Леверкузен со 42 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2024 21:17