Потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте ја пофали работата на Чави како главен тренер на тимот.
- Ние сме многу, многу задоволни од работата на Чави и целиот негов персонал во стручниот штаб. Задоволни сме од начинот на кој го гради тимот, што не е лесно, од начинот на кој ги комбинира младоста со ветераните, од начинот на кој се справува со притисокот. Многу сме задоволни од Чави, изјави Јусте за „Marca“.
Барселона по 19 кола е на третото место во шпанското првенство со 41 бод. Лидер е Реал Мадрид (48 бодови).
Каталонците утревечер од 20 часот во Ријад ќе се соочат со Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп.