Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откри кога напаѓачот Ерлинг Халанд ќе може да игра.

- Неговото закрепнување бара време. Се надеваме дека ќе го имаме готов до крајот на месецот. Заздравувањето траеше малку подолго од првично планираното, го цитира „ББС“ Гвардиола.

Дваесет и тригодишниот Норвежанец заработи повреда на ногата на натпреварот против Астон Вила (0:1) кој се одигра на 6 декември.

Претходно се дозна дека Халанд нема да игра во 21. коло со Њукасл и ќе го пропушти 9. меч по ред.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2024 21:33