Реал Мадрид синоќа во Ријад ја победи Барселона со 4:1 во финалето на шпанскиот Суперкуп.

За тренерот на Реал, Карло Анчелоти, ова е 11-ти трофеј со клубот. Шеесет и четиригодишниот Италијанец се израмни со Зинедин Зидан по освоени трофеи со „кралскиот клуб“.

Најтрофеен тренер во историјата на Реал Мадрид е Мигел Муњоз, кој има вкупно 14.

Реал по 13-ти пат во историјата го освои шпанскиот Суперкуп. Барселона останува рекордер на турнирот со 14 трофеи.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2024 20:40