Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор синоќа постигна три гола против Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Дваесет и тригодишниот Бразилец по 39 минути игра во листата на стрелците се запиша три пати. Погоди во 7., 10. и 39. минута. Ова е најбрзиот хет-трик во историјата на Ел Класико во 21 век.

Покрај тоа, Винисиус стана петтиот играч во историјата на големото шпанско дерби кој постигнал хет-трик во првото полувреме.

Натпреварот се играше на стадионот Ал Авал Парк во Ријад (Саудиска Арабија). Победи Реал со 4:1 и по 13. пат го освои шпанскиот Суперкуп.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2024 20:43