Тренерот на Барселона, Чави е уверен дека неговито тим оваа сезона ќе се бори за трофеи.
Во финалето на шпанскиот Суперкуп Каталонците синоќа загубија од Реал Мадрид (1:4).
- Не покажавме што се бара од нас во финалето. Многу лут и разочаран, но како навивач на Барселона, не како тренер. Доживеав многу тешки порази, но претстои цела сезона, а има уште три титули. Ќе се вратиме, сигурен сум. Ние веќе го направивме ова, освоивме титули под мое водство. Ова е многу тежок пораз и треба да им се извиниме на навивачите. Минатата сезона го докажавме нашето ниво, а сега се соочуваме со критики. Треба да се рестартираме и да се бориме за трите преостанати трофеи, изјави тренерот на Барселона.
Барселона ќе се обиде да дојде до трофеј во шпанската Ла Лига, во шпанскиот Куп и во Лигата на шампионите.