Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го сподели своето мислење за перспективите на клубот во борбата за шампионската титула во Серија А.
-Не нè отпишувајте од трката за титулата. Имавме прилично добра прва полусезона и сакаме да бидеме уште подобри. Мислам дека 39 поени во првата рунда не се толку лоши, но сега треба да ја притиснеме педалата за гас, изјави Пиоли за италијанските медиуми.
Педесет и осумгодишниот тренер смета и дека Милан можел да освои повеќе бодови во првиот дел од сезоната, но дека не е сè загубено.
- Ние сè уште ја имаме Серија А и Лига Европа и можеме да го кажеме нашиот збор на овие турнири, рече Пиоли.
Милан моментално е трет во Серија А со 42 бода од 20 натпревари. На прво место е Интер (51 бод), втор е Јувентус (46).