Рома објави дека главниот тренер Жозе Мурињо и неговиот стручен штаб го напуштаат клубот. Наскоро ќе бидат објавени информации за новото раководство на првиот тим.
- Му благодариме на Жозе за страста и посветеноста од неговото доаѓање. Секогаш ќе имаме прекрасни спомени од неговата работа, но веруваме дека е неопходна итна промена во најдобар интерес на клубот. На Жозе и на неговиот персонал му посакуваме се најдобро во иднина, соопштија сопствениците Ден и Рајан Фридкин на веб-страницата на клубот од Рим.
Мурињо беше тренер на Рома од 2021 година. Минатата сезона го предводеше тимот до титулата во Конференциската лига во 2022 година и до финалето во Лига Европа.
Рома во тековната сезона од италијанското фудбалско првенство е на 9. место со 29 бода на 20 натпревари