Даниеле де Роси ќе стане тренер на Рома по отказот на Жозе Мурињо. Договорот на Де Роси со Рома е до крајот на сезоната. Обновувањето зависи од постигнувањето на целите, објави попладнево „Sky Sport Italia“.
Де Роси ќе ја преземе екипата на Рома во наредните часови. Во стручниот штаб на Де Роси ќе бидат поранешниот играч од средниот ред на Лече, Гиљермо Џакомаци и поранешниот играч на Удинезе, Џампјеро Пинци.
Де Роси за Римјаните одигра 616 натпревари. Како играч, двапати го освои Купот на Италија со клубот и еднаш Суперкупот на земјата.
Во март 2021 година, тој се приклучи на тимот на Роберто Манчини во италијанската репрезентација. Во летото истата година, Италија го освои Евро 2020 година.
Де Роси потоа стана тренер на СПАЛ од октомври 2022 до февруари 2023 година