Играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Гранит Џака е прогласен за најдобар фудбалер на Швајцарија во 2023 година.

Ова е трет пат во кариерата и втор пат по ред Џака да ја добива оваа награда (претходно во 2017 и 2022 година).

Триесет и едногодишниот Швајцарец игра за германскиот клуб од минатото лето каде се пресели од Арсенал. Оваа сезона има 24 одиграни натпревари и креирано една асистенција.

Исто така во есента 2023 година, Џака стана рекордер на швајцарската репрезентација по одиграни натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2024 16:40