Сега веќе поранешниот тренер на Рома, Жозе Мурињо на својата страница на социјалната мрежа објави проштално видео за навивачите на римскиот тим.

- Пот, крв, солзи, радост, тага, љубов, братство, историја, срце, вечност, напиша Мурињо во описот на видеото.

Мурињо е во Рома од 2021 година. Тој го предводеше тимот до победа во Конференциската лига во 2022 година и стигна до финалето на Лига Европа минатата сезона.

Во тековната сезона од италијанското фудбалско првенство, Рома е на 9. место со 29 бода на 20 натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2024 17:04