Напаѓачот на Марсеј, Пјер-Емерик Обамејанг е прогласен за најдобар фудбалер во декември во француската Лига 1.
Во анкетата на навивачите, Обамејанг се најде пред Александре Лаказет (Лион) и Килијан Мбапе (ПСЖ).
Триесет и петгодишниот Габонец по четврти пат во кариерата е прогласен за најдобар играч на месецот во францускиот фудбалски шампионат. Во декември 2023 година на пет натпревари постигна четири гола и четири асистенции.
Во Лига 2, најдобар играч во декември беше играчот од средниот ред на Оксер, Готје Аин, кој постигна три гола на четири натпревари.