Натпреварот од 18. коло во германското фудбалско првенство меѓу Мајнц и Унион Берлин, кој требаше да се одигра в петок, е одложен поради обилни снежни врнежи во регионот, објави попладнево германската фудбалска Лига (ДФЛ).

„Зголеменото формирање мраз на долните трибини, како и приодите кон стадионот, ја загрозува безбедноста на гледачите“, се прецизира во соопштението на ДФЛ.

Лигата дополнително ќе го соопшти новиот датум на одигрување на натпреварот.

Унион Берлин на 24 јануари веќе треба да одигра еден одложен натпревар, против Баерн Минхен, кој не се одигра во редовниот термин поради обилните снежни врнежи на почетокот на декември во Германија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 00:50