Играчот на Милан, Кристијан Пулишиќ, е прогласен денеска за најдобар американски фудбалер во 2023 година.

За Пулишиќ ова е четврто признание, откако наградата за најдобар американски фудбалер ја освојуваше во 2017, 2019 и во 2021 година, со што се израмни со рекордерот Лендон Донован (2003, 2004, 2009, 2010).

Во гласањето во кое учествуваа актуелни и поранешни фудбалери и тренери, претставници на медиуми, како и раководството на Фудбалската федерација на САД, играчот на Милан освои 53 отсто од гласовите, пред Јусуф Муса (21.5 отсто) и Рикардо Пепи (12.9).

За најдобар млад американски фудбалер во минатата година е прогласен 20-годишниот играч на Волфсбург, Кевин Паредес



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 04:10