Шпанскиот фудбалски прволигаш Реал Сосиедад го официјализираше денеска трансферот на суринамскиот напаѓач од Унион Берлин, Шералдо Бекер, за да ја засили својата офанзивна линија.

„Клубот постигна договор со играчот од Суринам до крајот на сезоната 2025/26“, соопшти Реал Сосиедад, претставувајќи го својот нов фудбалер како суперхеројот Спајдермен, чија маска Бекер вообичаено ја носи при прославувањето на своите голови.

Дваесетиосумгодишниот универзален напаѓач од Суринам постигна 11 голови минатата сезона во Бундеслигата и му помогна на Унион Берлин прв пат да се квалификува во Лигата на шампиони.

Бекер во првото коло од групната фаза два пати беше прецизен на дуелот против Брага (2-3) и стана првиот фудбалер во историјата на Унион Берлин кој постигнал гол во Лигата на шампиони.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 04:10