Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ја постигна јубилејната 100. победа со „Росонерите“ во Серија А.
Италијанскиот фудбалски стручњак до 100-ката стигна синоќа на гостувањето кај Удинезе. Милан со пресврт победи со 3:2. За Пиоли ова беше 166-ти натпревар на тренерското место во Милан.
Во историјата на клубот од Милано, само Карло Анчелоти постигна 100 победи во италијанскиот шампионат побрзо - на 165 натпревари.
Исто така, уште двајца тренери имаат најмалку 100 победи со Милан - Нерео Роко и Фабио Капело