Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен заостанува седум бодови зад Баер по завршувањето на 18. коло.

Избраниците на Томас Тухел денес на домашен терен загубија од Вердер Бремен (0:1), додека Баер Леверкузен вчера го победи Лајпциг (3:2).

Во моментов Баварците се на второто место со 41 бод, но и натпревар помалку од Баер Леверкузен кој е лидер на табелата со 48 бода.

Водечките две екипи во Бундеслигата ќе се сретнат на 10 февруари и овој натпревар може во голема мера да го одлучи шампионот



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2024 04:54