Фудбалерот на Ливерпул и репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах ќе пропушти 3-4 недели поради повреда, објави неговиот агентот Рами Абас.

- Повредата на Салах е посериозна од очекуваното и тој ќе пропушти 21-28 дена, а не два натпревара, напиша Абас на социјалните мрежи.

Салах се повреди на натпреварот за репрезентацијата на Египет против Гана (2:2) на Африканскиот куп.

Претходно, египетската фудбалска федерација објави дека 31-годишниот напаѓач ќе пропушти два од натпреварите на тимот на турнирот поради повреда.

Подоцна се дозна дека Салах се враќа во Ливерпул за да оди на рехабилитација.

Египетскиот тим го освои второто место во групата Б со три бода и се пласираше во плејофот на Африканскиот куп.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2024 13:20