Генералниот секретар на Супер лигата Анас Лаграри зборуваше за преговорите со клубовите околу учеството на турнирот.

- Не сакам сега да кажувам имиња. Разговаравме со околу 50 различни клубови. Околу 20 од нив се многу, многу мотивирани од проектот. Веќе имаме доволно клубови за да го започнеме натпреварувањето, изјави Лаграри за „90min“.

На 21 декември, Европскиот суд ги прогласи за незаконски постапките на ФИФА и УЕФА да го блокираат создавањето на Супер лигата.

Во април 2021 година, 12 клубови најавија создавање на турнирот, но многу od niv подоцна ја напуштија идејата. По заканата со санкции од УЕФА, проектот беше суспендиран. Во мај 2021 година, Супер лигата ги обвини УЕФА и ФИФА за кршење на законот за натпреварување



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2024 13:32