Помошникот тренер на Ливерпул, Пеп Лијндерс, изјави денеска дека англискиот премиерлигаш нема да може да смета на услугите на египетскиот фудбалски репрезентативец Мохамед Салах во следните три до четири недели.
Салах ја повреди тетивата изминатиот четврток, настапувајќи во дресот на Египет против Гана (2-2) во групата Б на Купот на африканските нации што се одржува во Брегот на Слонова коска.
„Би требало повторно да игра за три до четири недели ако сè помине во најдобар ред“, рече Лијндерс.
Ливерпул и Фудбалската федерација на Египет се договорија Салах да го напушти Брегот на Слонова коска и да се врати во Англија на рехабилитација.
Во египетската репрезентација се надеваа дека Салах би можел да им помогне доколку во продолжението на Африканскиот куп се пласираат во финалето, но роковите кои денеска ги наведе Ливерпул отфрлаат и најмала надеж за такво сценарио