Францускиот фудбалер во редовите на Ал Итихад, Карим Бензема, побара од раководството да му дозволи привремено да го напушти саудискиот клуб, јавија денеска дел од светските агенции.

Според истите извори, Ал Итихад му понудил на Бензема да го прати како позајмен фудбалер во друг саудиски клуб што францускиот напаѓач го одбил.

Бензема има договор со Ал Итихад до 2026 година, а дел од француските медиуми вчера објавија дека би можел да се врати во Лион, клубот од каде пред 14 години се пресели во Реал Мадрид.

Французинот оваа сезона постигна 12 голови на 20 натпревари за Ал Итихад, но навивачите го критикуваа поради слаба форма.

Ал Итихад лани ја освои шампионската титула во Саудиска Арабија, а оваа сезона во моментов е седмопласиран со 25 бодови помалку од лидерот Ал Хилал.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2024 21:08