Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, зборуваше за состојбата на тимот пред натпреварот со Унион Берлин во одложеното 13. коло од Бундеслигата.
-Секогаш треба да победуваме. Дали играчите ќе добијат уште една шанса или време е за драстични промени? Ќе го проследам тренингот и ќе донесам одлука пред натпреварот, изјави Тухел за клупскиот сајт на Баварците.
Натпреварот ќе се игра вечер од 20:30 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен.
Баерн кој е актуелен германски шампион е втор во Бундеслигата со 41 бод. Лидер е Баер Леверкузен со 48 бодови.