Екипата на Ливерпул ќе игра во финалето на англискиот Лига куп.

„Црвените“ синоќа на гостувањето во Лондон против Фулам одиграа 1:1 во реванш-полуфиналето и со вкупни 3:2 одат во финалето.

Во 11. минута Луис Дијаз го доведе Ливерпул во водство, домаќините израмнија преку Иса Диол во 77. Минута.

Ливерпул во финалето ќе игра против Челзи. Натпреварот ќе се одигра на 25 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2024 10:34