Поранешната ѕвезда на француската фудбалска репрезентација и на дел од најсилните европски клубови Николас Анелка е назначен денеска за извршен директор на турскиот второлигаш Умранијеспор.

Назначувањето на Анелка на директорското место во Умранијеспор е враќање на 44-годишниот Французин во турскиот фудбал во кој настапуваше во дресот на Фенербахче во текот на 2005 и 2006 година.

За француската репрезентација одигра 69 натпревари и постигна 14 голови.

Анелка ја почна кариерата во ПСЖ, а настапуваше и за Арсенал, Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер сити, Челзи, Шангај, ВБА, Јувентус и Мумбај Сити



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2024 02:25